РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид е првиот тим кој се квалификува за Суперкупот на Македонија

Ракометарите на Алкалоид остварија историски успех и се впишаа во вечната лига на освојувачи во македонскиот клупски ракомет. Со освојувањето на Купот на Македонија, младиот клуб од Автокоманда се избори за уште една можност за трофеј на почетокот на следната сезона.

Advertisements

Алкалоид е првиот тим кој се квалификува за натпреварот од Суперкупот на Македонија на почетокот на сезоната 2024/25. Противник на момците на Кирил Лазаров ќе биде шампионот на Македонија, а на две кола пред крајот кандидати за тронот се само Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

На две кола до крајот Алкалоид се бори да го задржи третото место, а директно ќе одлучува и за шампионот, со оглед на тоа што во последното коло гостува во Битола против лидерот Еурофарм Пелистер./Gol.mk/

FOTO: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button