РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид ги дозна можните противници во ЕХФ Купот, ждрепката е во вторник

Актуелниот шампион на Купот на Македонија и воедно лидер на Суперлигата, Алкалоид ги дозна можните противници во следната фаза од третото по ранг европско ракометно натпреварување, ЕХФ Купот.

Advertisements

Избраниците на Кирил Лазаров по успешниот двомеч против Драгунас Клаипеда се најде во вториот шешир што ги зголеми шансите за во 1/16 финалето да добие тежок противник.

Можните противници на скопскиот тим се: Извиѓач, Баја Маре, Арендал, Крка, Хаукар, Олимпијакос, Ловосице, Целје, Винтертур, Бистрица, АЕК, В. Виена, Бешикташ, Партизан, Јерузалем и Драмен.

Ждрепката ќе се одржи во вторник во седиштето на ЕХФ во 11 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button