РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид и Охрид пред вратата на третото коло во ЕХФ Купот

Двата македонски претставници на меѓународна сцена – Алкалоид и Охрид се на вистинскиот пат да останат во ЕХФ Купот и да се пласираат во третото коло.

Advertisements

Во поповолна ситуација е екипата на Алкалоид. Освојувачот на Купот на Македонија оваа сезона го игра најдобриот ракомет на домашната сцена и тоа го потврди со победите токму над Вардар 1961 и Пелистер, а во одлично светло се покажа и на првиот натпревар против Клапеда против која славеше со убедливи 42-31. Младите момци на Кирил Лазаров се спремни за уште еден голем предизвик и одбрана на стекнатата позитива на реваншот во Литванија. Натпреварот меѓу Клаипеда и Алкалоид е закажан за попладнево од 15:00 часот.

Два часа подоцна, во Романија, ракометарите на Охрид силите ќе ги соочат со екипата на Турда. Романскиот тим во пресрет на првиот натпревар во „Билјанини Извори“ ја имаше улогата на фаворит, но „гладијаторите“ на терен го покажаа спротивното и извојуваа голема победа од шест гола разлика (31-25). Сепак, од редовите на Охрид повикуваат на голема претпазливост и најавија уште една машка борба која ќе им донесе историски успех.

„Гладијаторите“ веќе два дена се во Романија и се подготвуваат за натпреварот кој започнува од 17:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button