СПОРТ
Алкалоид на европското деби без 4 ракометари

Тренерите на Алкалоид и Војводина, ги одредија составите кои ќе ги извадат на терен на европскиот натпревар кој во рамки на Европската лига на ЕХФ ќе се одигра во Скопје.
Од пријавените на списокот кај РК Алкалоид на конечната листа и во потесниот избор ги нема Александар Стојков, Костадин Петров, Кристијан Симоноски и Дамјан Митев.
Војводина, пак, напаѓа со Воркапиќ, Оцвирк, Сунајко, Пуховски… а недостасува само Бранко Томиќ.
Дуелот меѓу Алкалоид и Војводина стартува од 20:45 часот, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Билетите се во продажба преку мрежата на „МкТикетс“ и чинат 100 и 150 денари.