РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид одново ќе ги вкрсти копјата со австрискиот Вест Виен

Ракометарите на Алкалоид денеска одново ќе ги вкрстат копјата со австриски Вест Виен, во реванш-средбата од третото коло во Купот на ЕХФ. И овој натпревар ќе се игра во „Автокоманда“, а со оглед на исходот од нивното прво соочување јасно е дека нашиот тим ќе обезбеди пласман понатаму.

Advertisements

Момците на Кирил Лазаров демонстрираа моќ во синоќешното соочување, извојуваа триумф од дури 11 гола разлика (38-27) и само чудо може да ги остави без пласман во осминафиналето. Александар Петковски со девет гола беше најдобар стрелец за Алкалоид, а осум постигна Мартин Серафимов, исто колку што имаше и Клеменс Мелешниг кај гостите.

Доколку македонскиот тим позитивно го успешно и овој тест, во осминафиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Пореч и Крка. На нивното прво соочување, Крка на гости, славеше минимална победа од 21-23.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button