ЕКОНОМИЈА
Алкалоид со 19% повисоки приходи

Фармацевтската компанија Алкалоид од Скопје со 106 нови вработувања, со продажба во ввредност од 136,7 милиони евра, извоз над 97 милиони и инвестиции од над 15 милиони евра само во периодот јануари – јуни годинава. Приходите од продажбата, според билансот, се за 19% повисоки во однос на истиот период минатата година. Вкупната консолидирана продажба е за 18% повеќе. Ова, како што соопштија од компанијата, уште еднаш ја докажува довербата во производите на Алкалоид низ светот.