ЕКОНОМИЈА
Алкалоид со остварена продажба од 70,5 милиони евра

Во периодот јануари-март годинава, Алкалоид соопшти дека остварил продажба од 70,5 милиони евра. Извозот бил зголемен за над 28 отсто, а биле отворени 47 нови работни места. Во овој период, продажбата изнесува над три милијарди денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период лани. Консолидираната продажба на домашниот пазар пораснала за 3 отсто, а вкупниот извоз за 28. Компанијата сега брои 2.678 вработени, од кои 2.039 во земјава, а 639 во подружниците во странство. Во меѓувреме, акциите на Алкалоид се едни од најтргуваните на нашата берза.