ЕКОНОМИЈА

Алкалоид со празнични награди за вработените

По повод новогодишните и божиќните празници, Алкалоид одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари. Политиката за надоместоци на компанијата се базира на конкурентност, мотивација, навременост и транспарентност. По разни основи Алкалоид во текот на годинава, преку базата во Скопје, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и преку дел од своите ентитети во земјата и странство, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, над еден милион се донирани во земјава. Исплатениот К-15 за годинава во Алкалоид изнесуваше 26.718 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button