ВЕСТИЕКОНОМИЈА

АЛКАЛОИД станува партнер на СОС Детско Село

Фармацевтската компанија Алкалоид станува партнер на СОС Детско Село. Во него во моментов се згрижени 394 деца и млади. Тоа е дел од интернационална организација којашто работи во 136 земји во светот веќе 70 години и е посветена на помош и на поддршка на децата. Една од куќите во селото ќе го носи името на познатиот производ на Алкалоид, Бекутан. Во неа во моментов се сместени четири деца на возраст од 4 до 12 години и девојка на 15. Организацијата функционира со помош на донации од индивидуалци, компании, институции и преку разни форми на партнерства.

Advertisements

„Навистина ми е драго што сме овде денес да го означиме почетокот на една нова стратешка соработка со СОС Детско село. Започнуваме со именување на една од куќите на овој локалитет во куќа Бекутан, а во пресрет на 45-годишниот јубилеј на овој наш детски бренд, имам чест да најавам дека соработката со СОС Детско село ќе продолжи и во текот на цела 2023 година во проширена форма.“ – изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button