„Алкалоид“ за девет месеци со нето-добивка од 18,5 милиони евра

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ го објави финансискиот извештај за првите девет месеци од годинава, во кој се говори за раст на продажбата од 16 отсто, инвестиции од 13,7 милиони евра и 161 ново вработување. Станува збор за периодот јануари-септември. Компанијата остварила нето добивка од 18,5 милиони евра што е зголемување од 15 отсто, а инвестирани се околу 842 милиони денари. Продажбата на домашниот пазар пораснала за 3%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата за 23%. Алкалоид повеќе продава во странство. Во структурата на вкупната продажба, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, односно 88%. Прв предизвик и приоритет за наредниот период останува грижата за здравјето на вработените, одржувањето на моменталната ликвидност, финансиската стабилност и реализацијата на планираните цели.