СПОРТ

Aлкараз може да се сретне со Ѓоковиќ…само во финале

Новак Ѓоковиќ по само неполн месец од операцијата на коленото се реши да настапи на Вимблдон и денеска ги дозна можните ривали на патот до нов трофеј на неофицијалното Светско тениско првенство.

Добра вест за српскиот ас е што Карлос Алкараз, првиот фаворит за трофејот, е на спротивната страна од ждрепката, но и покрај тоа Ноле нема да има лесна задача во Лондон. Во полуфиналето би играл со Александар Зверев, а претходно во четвртфиналето можен е судир со Хуберт Хуркач, еден од најопасните ривали на трева, кого минатата сезона на Вимблдон го доби со 3-1 во сетови.

Во осминафиналето Новак би го чекал Холгер Руне, кој не блеска оваа сезона, додека во првото коло ќе се сретне со Томас Ечевери од Аргентина. На спротивната страна од ждрепката се Циципас, Алакраз, Синер… Вимблдон започнува на први јули, а титулата ја брана Алкараз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button