СПОРТ

Алкараз сака трета победа во финалето, Звререв има победа повеќе

Попладнево се води битката за трофејот на Ролан Гарос. Во терминот од 14:30 часот на „Филип Шатрие“ ќе се судрат Карлос Алкараз и Александар Зверев во финалето на најпрестижниот француски турнир.

Алкараз има шанса да ја освои третата Грен слем титула во третиот обид. Досега шпанскиот тенисер ги освои УС Опен во 2022 година каде што за ривал во финалето го имаше Каспер Руд, како и Вимблдон минатата година во мечот за трофеј против Новак Ѓоковиќ.

Александар Зверев има свои амбиции и математики. Германскиот тенисер вторпат ќе игра финале на Грен слем турнир, прв по 2020 година и УС Опен, финале кое го загуби од Доминик Тием по огромна борба. Последниот пораз германецот го имаше на 30 април во Мадрид, а потоа го освои Мастерсот во Рим и сега дотурка далеку на Ролан Гарос сонувајќи прв голем трофеј.

Ова ќе биде десетти меѓусебен дуел на Алкараз и Зверев, а германскиот ас има победа повеќе (4-5). Последниот меч го имаа на Индијан Велс и таму Алкараз победи убедливо со 2-0 (6-3, 6-1).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button