СПОРТ
Алкараз се мачеше со 134 тенисер на светот, Камил Уго во Буенос Аирес

Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Буенос Аирес. Младиот шпански тенисер по 102 минути игра го победи 134-от тенисер во светот, Камил Уго Карабелија од Аргентина со 6-2 и 7-5.
Иако мечот почна според желбите на Алкараз, како одминуваше натпреварот се повеќе се мачеше, посебно во вториот сет, за на крај секако да дојде до сосема заслужена победа.
Во четвртфиналето го очекува дуелот со италијанецот Андрео Вавасори, кој е на 152. место на светската листа.