СПОРТФУДБАЛ

Алонсо: Оние кои нема да трчаат, нема да играат

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ги изложи барањата и очекувањата од играчите на „кралскиот клуб“ во иднина. Шпанецот кој го замени Карло Анчелоти, рече дека кај него не играат имиња, туку оние кои ќе се залагаат за секоја топка.

Advertisements

Првиот натпревар како тренер на Реал, Алонсо ќе го има на 18. јуни против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.

„Оние кои нема да трчаат и нема да даваат се од себе, нема да играат. Имињата не се важни“, рече Алонсо.

 

„Не треба само да стоите таму и да ја чекате топката, за да може да дадете гол, туку барам да трчате по секоја топка“, наводно им рекол на играчите шпанскиот тренер кој до неодамна испиша историја со Баер Леверкузен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button