
Чаби Алонсо со голем успех и одлични резултати ја почна својата тренерска кариера на професионално ниво. Веќе во втората сезона како тренер на Баер Леверкузен, тој остварува неверојатни резултати и ги носи „фармацевтите“ во битка за трофеите. Синоќа, Баер го совлада Карабаг во Лигата Европа и со тоа стигна до клупски рекорд.
Алонсо сега е прв тренер во историјата на клубот од Леверкузен кој има 11 победи во низа, сметајќи ги сите натпреварувања. Оваа сезона, Баер уште не е совладан, на 16 натпревари има 15 победи и едно реми и се наоѓа на првото место и во Бундеслигата и во Лигата Европа. На овие 16 меча, тимот на Алонсо постигна 55, а прими само 14 гола.