Алсат беше во крушевското село Нерово кај парцелите на Груевски

Жителите на Нерово не знаеле дека за сосед го имаат поранешниот премиер Никола Груевски. По повикот на Агенцијата за управување со одземен имот овие парцели да бидат пуштени на лицитација, АЛСАТ отиде во атарот на селото кое е во близина на Крушево. Нерово со мнозинско албанско население, не знаеја дека Груевски им бил сосед.
„Не, немам информации, до денес не сум слушнал. Некои рекоа дека има, но не знам чии се…“
„Пред неколку години или пред 6-7 години овде беа расчистени неколку парцели. Во тоа време на власт беше партијата ВМРО. Парцели имаа и Груевски и Мијалкови и целото раководство на ВМРО. Не знам точно каде, но знам дека се подготвуваа, почнаа некои работи, но откако паднаа од власт останаа недовршени“, велат жителите на Нерово.
Меѓу одземените имоти на премиерот Никола Груевски е и градежна парцела во селото Норово во општина Крушево. Дојдовме во општина Крушево да побараме информација каде се наоѓа оваа парцела. Вреди да се напомене дека селото Норово е населено со 800 Албанци кои до сега немаа никакви информации каде се наоѓа оваа парцела.
Според првиот човек на општина Крушево, Томе Христоски, Груевски имал 20 имоти во Нерово, од кои 18 биле во сопственост на други лица, а други две на име на неговиот кум.
Според градоначалникот, овие парцели биле наменети за туристички цели. Христоски чека да види дали власта смета оти парите или земјиштето ќе ѝ бидат вратени на општината. Според она што го видовме и податоците што ги обезбедивме, се чини дека Груевски инвестирал околу 500 илјади евра само за инфраструктура за да обезбеди пристап до парцелите.
Според бројот на парцели, ова се двете парцели кои Никола Груевски или поранешниот премиер во бегство ги има на име на неговиот кум.
Авни Тахири