ЕКОНОМИЈА

Алсат дознава: Рокот за аплицирање за помош ќе се пролонгира до 10 ноември

Рокот за аплицирањето на компаниите за државна помош за исплата на плати ќе се пролонгира до 10 месецов дознава Алсат од високи владини извори. Владата со амандман ќе интервенира во законот и ќе им даде дополнителни три дена рок на фирмите –  наместо до седми да аплицираат до десети за да може да  добијат субвенционирана плата за месец октомври.

Advertisements

Од Управата за јавни приходи  апелираат до компаниите да ги исплатат платите и пред добивање на субвенционираната плата  за работниците навреме да ги добијат месечните примања за октомври. Оттаму додаваат дека навремено компаните ќе бидат информирани до кога ќе биде рокот за аплицирање и дека сите кои ги исполнуваат критериумите ќе ја добијат ветената помош. Реализацијата на оваа мерка е директно поврзана со ребалансот на буџетот кој четврти ден е на собраниска расправа, но и со предлог законот за финасиска помош кој допрва треба да оди на тридневна комисиска расправа па на гласање од страна на пратениците.

Оваа мерка предвидува исплата на субвенционирана плата која ќе биде во различна висина во зависност од падот на приходите кои фимите го пријавиле за месеците  од април до октомври. Субвенционирањето ќе се движи од 14.500 па се до 21.770 денари по вработен. За ребалансот се очекува пратениците да гласаат утре.

Веќе наредниот ден предлог законот за финансиска поддршка ќе се разгледува на матичната комисија, а до крајот на неделава ќе биде изгласан во Парламентот.  Опозицијата и власта и денеска продолжија со меѓусебни обвинувања. Ставот на опозицијата е дека овој ребаланс само ќе ја продолабочи кризата и нема да даде резултат, додека за власта ребалансот е неопходен за одржување на економската активност.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button