ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АЛСАТ меѓу телевизиите со најголема доверба

Телевизија АЛСАТ ужива најголема доверба меѓу гледачите во однос на вестите за политиката во земјава. Ова го покажува истражувањето на ИРИ, спроведено во периодот од 2 февруари до 5 март годинава.

Advertisements

Врз основа на оваа анкета, повеќе од половина од анкетираните граѓани изјавиле дека медиумите во земјава се слободни и независни.

Според анкетата на граѓаните, на национално ниво, Алсат е оценета како една од телевизиските куќи со најголема доверба за информирање за политички прашања. Меѓу албанската медиумска сцена во земјава,  Алсат убедливо води пред другите медиуми со 10%, а зад неа се ТВ21 и Порталб со по 2%. На списокот ја нема Државната радио и телевизија на Македонија, МТВ2.

На македонската медиумска сцена води ТВ Сител со 39%, потоа Канал 5 со 30% и Телма со 11%.

Потсетуваме, анкетата што беше спроведена во периодот пред изборите во април и мај, ја истакнува загриженоста на граѓаните за државното раководство. Всушност, 78% од 1.220 испитаници изјавиле дека државата оди во погрешна насока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button