ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат успеа да открие неколку неправилности од процесот на пописот на населението, меѓу кои и јавната набавка за лаптопите

Алсат успеа да открие неколку неправилности од процесот на пописот на населението, меѓу кои и јавната набавка за лаптопите

Алсат успеа да открие индикации поврзани со злоупотреби во процесот на пописот на населението од страна на двајцата поранешни директори на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Илми Селами. Приемот на 5650 лаптопи, неопходни за процесот на пописот, не е извршен во согласност со договорот склучен меѓу Заводот и Телеком Македонија. Договорот предвидувал формирање на независно тело кое ќе ја утврди, процени и прифати нарачката, но тоа не се случило. Приемот е извршен од страна на двајцата директори кои го потпишале договорот.

Advertisements

„Испратницата ја потпишуваат со целосно име и презиме лицата одредени од страните во договорот, односно членовите на работната група за технички прием на опремата, група која се формира од страна на Државниот завод за статистика…“,велат од Договорот меѓу ДЗС и Телекомот.

Оваа повреда била евидентирана и од Државниот завод за ревизија.

„Документот што се однесува на примо-предавање на лаптопите е потпишан од директорот на 18.12.2020, акт што подразбира дека набавката ги исполнила квалитативните и квантитативните аспекти, но кој е во спротивност со член 6 од договорот каде што таксативно е наведено дека: За потребите на јавната набавка се формира работна група со обврска да го изврши техничкиот прием на лаптопите и да ја процени нивната квантитативна и квалитативна состојба“, велат од Државниот завод за ревизија.
Симовски и Селами направиле три анекси на договорот, без да распишат јавна набавка. Тоа го направиле во договор со другата страна, односно Телеком./Алсат.мк

 

VIZRT – Државен завод за ревизија
„По реализацијата на договорот, со избраниот оператор се склучени и 3 анекси во рамки на договорот, во вредност од 30.225.000 денари, но без спроведување на тендер или постапка за јавна набавка. Во нив е потенцирано дека договорот е склучен со согласност на двете страни.“
СКЛУЧЕНИ СЕ ТРИ АНЕКСИ НА ДОГОВОРОТ БЕЗ ЈАВНА НАБАВКА.
Документот што ја докажува индикацијата за законски прекршувања, според нашите информации, се наоѓа во Државниот завод за статистика. По повод овие докази, неофицијално е покрената Обвинителството за гонење на организиран криминал и Финансиската полиција. Под истрага од овие два органи за спроведување на закон се вклучени и други постапки поврзани со Пописот на населението, вклучувајќи го апликацискиот систем, пропагандните материјали, интернет картичките и кампањата за информирање на граѓаните за целта на пописот на населението.
Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button