ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат ВИДЕО: Осомничениот за опожарување на возилата купува гориво

На ова видео е 35 годишниот со иницијали Ф.А., осомничен за подметнувањето на пожарот пред неколку дена во Куманово.

Advertisements

На видео снимката обезбедена од АЛСАТ, се гледа како лицето со иницијали Ф.А., купува гориво, пред чинот на палење.

Додека во ова второ видео, 35-годишникот се гледа како бега по чинот на палење на Канцеларијата за сметководствени и судски преводи пред Основниот суд во Куманово, на Ментор Јакупи, брат на советникот на ДУИ во Општинското собрание на Куманово, Фитор Јакупи. Неколку метри погоре, пред месноста „Гарнизон“, го запалил автомобилот на вишиот обвинител Џелал Бајрами. На фотографиите што Алсат ги обезбеди од местото на настанот, се чини дека пожарот бил подметнат со молотови коктели.

Автомобилот на Бајрами бил запален во дворот на куќата. Пожар бил подметнат и во автомобил на полковник со иницијали Е.Д., но огнот не се раширил. Запален бил и автомобил Ауди во сопственост на Ментор Шахини. Според податоците од полицијата, од опожарувањето на трие автомобили и  и на објектот во сопственост на Ментор Јакупи, поминале 30 минути. АЛСАТ дознава дека лицето за кое станува збор е познато во градот, и е осомничено не само како корисник на дрога, туку и како лице кое има ментални проблеми.

35-годишникот е приведен од полициската единица за интервенција синоќа, во регионот на Бит Пазар благодарение на мерките за следење и координација помеѓу Секторот за внатрешни работи Куманово, Секторот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, и Секторот за внатрешни работи Скопје. Триесет и петгодишниот со иницијали Ф.А. е задржан во Полициска станица Куманово, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно се мислело дека станува збор за организирана група, соопшти полицијата, бидејќи во моментот на подметнувањето на пожарот не работеле безбедносните камери на ниту едно од местата каде што биле подметнати пожарите. Дури и заменик-министерот за внатрешни работи не ја исклучи можноста „настаните да се совпаднале со расчистувањето на минатитсметки од страна на одредени криминални групи“. Но, по приведувањето на осомничениот  Исени го отстрани овој дел од својата реакција на Фејсбук. Од прелиминарните податоци обезбедени од АЛСАТ, 35-годишникот со иницијали Ф.А. се знаел со сите сопственици но останува нејасно дали дејствувал сам, со некој друг или по наредба на некој друг.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button