ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат во женскиот затвор во Идризово

Алсат во женскиот затвор во Идризово

Многу ми недостига, навистина ми недостига…

Advertisements

Копнеж, жалење, солзи кои не стивнуваат, иако годините минуваат…
(Го сакав и мислам дека уште го сакам, можеби ќе ме наречете… не знам како но јас мислам дека сè уште го сакам…)

Овие ѕидови слушнале многу застрашувачки приказни, виделе моменти кои направиле големи пресврти во животот на овие жени кои биле собрани на едно место,односно во затворот во Идризово.
Една од нив е и 71-годишната Шефије Јакупи. По 15 абортуси и насилството од сопругот, на 54 години решила да стави крај на маките, самоволно, па го убила сопругот.

„Во февруари овде полнам 15 години, во Демир Хисар уште две години, 17 години. Не сум излегла 17 години… Секој греши, нема безгрешни. Сега имам 71 година, се дружев овде, еднаш излегов на викенд, дојде ќерката од Германија. Излегував двапати по 7 часа и веќе скапав овде“, рече Шефије Јакупи, затвореничка.

Другата затвореничка пак, по континуирано насилство цели 12 години, талкајќи низ полициските станици и судските ходници барајќи заштита од сопругот, во еден момент решила, како што вели, правдата да ја земе во свои раце.

Ниту новата опрема за вежби, ниту игрите со карти или ангажирањето за работа и активности во затворот не им помагаат на затвореничките да го поминат времето.

Овој мал двор во затворот Идризово е единствената капија што ги поврзува затворениците со надворешниот свет, а некои од нив излегуваат овде само еднаш дневно и тоа по два часа. Велат дека се соочуваат со недостиг на основни услови за живот, како вода, греење, средства за хигиена и соодветни лекови.

„Болна сум, се тресам, нема греење, нема вода, се миеме со ладна вода, немаме храна, што ќе правиш со риба, една риба, остануваме без храна 24 часа нема услови, не можам веќе, ми дадоа 20 години затвор. Едвај го поминувам денот. Секоја жена има проблеми, ги заборавивме и децата. Не, таа работи во кујна, излегувам малку да чистам, колку да ми помине времето, излегуваме малку после 2 часа, па не затвораат, и остануваме сами во собата, во собата има 5 жени“, рече Шефије Јакупи, затвореничка.

Но, има и такви кои времето го поминуваат со читање и пишување книги.

Условите се тешки за сите, а најмногу за болните или бремените. Во затворот беа примени и спроведени и трудници, од кои едната, како што ни кажаа затворениците, останала внатре со своето новороденче./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button