Алтернатива; барањата на „Огнената група“ пред партиските тела
Алтернатива; барањата на „Огнената група“ пред партиските тела

Алтернатива се уште ги нема земено предвид барањата на „Огнената група“ во оваа партија, кои на 14 ноември побараа разрешување на министерот за здравство, Беким Сали. Обвинувањата на 11 челна на партијата дека министерот Сали не ги реализирал своите цели и не ги исполнил партиските цели , не беа доволна причина за првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, во рок од 10 дена како што беше побарано, да иницира разрешување на Сали. Од оваа партија велат дека за ова прашање ќе се разговара на првиот состанок на Централното собрание на партијата.
„За ставовите на некои активисти на Алтернатива, се договоривме да се расправа во партиските тела и да се излезе со став. Моментално Алтернатива е консолидирана и немаме некаков елемент што може да се поврзе со сегрегација или со стравови кои ги претпочита јавноста- поделба. Не е формирана посебна комисија, туку за ова прашање ќе разговараме на состанокот на централното раководство на партијата и таму ќе се избере најдобриот начин како партијата да реагира на барањето“,велат од Алтернатива.
Од огранокот Чаир, односно 11-те членови кои бараат разрешување на Сали, велат дека даваат простор за дијалог и дебата внатре во партијата. Во случај да не произлезат конкретни резултати од првиот состанок на Централното собрание, како што најавија на 14 ноември, одговорноста за следните чекори и политичките последици ќе биде на шефот на партијата Гаши. Меѓу поплаките на 11-те членови на огранокот Чаир, е зошто не се поставени Албанци – за директори на две универзитетски клиники и за претседател на управниот одбор во Фондот за здравство, а тврдеа и дека немало Албанци во здравствените установи./Alsat.mk
Ардит Рамадани