ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алтернатива: Нема поделба во партијата и покрај заминувањето на Реџепи

Алтернатива: Нема поделба во партијата и покрај заминувањето на Реџепи

Гласините за нов раскол во Алтернатива, партијата на Африм Гаши ги нарекува лажни вести. Според нив, Алтернатива по последниот конгрес се консолидира и работи на имплементација на политичкиот договор.

Advertisements

„Ваквите теми се тривијални. Алтернативата нема проблем со своите пратеници, а ако некому му пречи ова единство и сака да поттикне поделба, тоа не е во сферата на политичкото дејствување„, велат од Алтернатива.

Независниот пратеник Скдендер Реџепи, за кој се тврди дека може да привлече пратеник со себе од Алтернатива, вели дека тој не одлучува дали некој ќе остане или не во Владата и мнозинството.

„Прво, не сум јас тој што одлучува кој субјект или поединец ќе влезе или излезе од Владата. Тоа е надвор од моја надлежност. Моја должност е да го работам она за што сум избран и да ги штитам интересите на граѓаните во Собранието. Сите треба да одговараат, но за жал различните кланови ги приватизираат политичките субјекти и тоа ги оштетува гласачите“, изјави Скендер Реџепи, независен пратеник.
Реџепи оценува дека Алтернатива веќе нема причина да биде дел од мнозинството.

„По неуспехот во Тетово, по неспроведувањето на точките од програмата на Владата и особено со вчерашната одлука на Апелациониот суд за монтиран случај, доколку ова се одрази на Алтернатива во однос на Владата, ова не е мое прашање, но останува тие да дадат отчет за ова“, нагласи Скендер Реџепи, независен пратеник.

На последните парламентарни избори Алијанса за Албанците и Алтернатива преку заеднички листи обезбедија 12 мандати. Гаши по локалните избори го раскина договорот со Зијадин Села и стана дел од мнозинството, иако преку иницијативата за гласање доверба се обиде да ја урне Владата.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button