Алтернатива предлага заедница на албански општини во Македонија
Алтернатива предлага заедница на албански општини во Македонија

Алтернатива предлага заедница на албански општини во Македонија, според моделот што се бара за српските општини во Косово. „Во време кога Косово е пред конечен договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот – „да се формира Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово“, прашањето што мора да се постави е зошто албанските партии во С Македонија, оние кои имаат општини (ДУИ, Алијанса и БЕСА), не покренат иницијатива за формирање на заедница на албански општини во С Македонија, со оние овластувања што меѓународната заедница ги бара во Косово“, посочуваат од Алтернатива.
Од партијата на Гаши додаваат дека тоа може да биде кауза која може да ги обедини сите албански партии, па дури и Алтернатива која нема општина. Денес да ја започнеме иницијативата за здружение на општини со мнозинско албанско население во Северна Македонија, можеби на овој начин ќе дојдеме и до темата за јазичен реципроцитет меѓу албанскиот во С Македонија и српскиот јазик во Косово, нагласуваат од Алтерантива.