ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алтернатива со критики за новите анти-ковид мерки на Владата

Партијата Алтернатива се противи и ја критикува имплементацијата на новите рестриктивни мерки донесени од Владата. „Одлуката е најдобриот доказ дека Владата презела неповратен пат во борбата против Ковид-19, додека цената за оваа радикална мерка ќе ја платат граѓаните“, велат од партијата. Алтернатива смета дека одлуката е пристрасна, дискриминаторска и ги крши човековите права и слободи. Задолжителната вакцинација на граѓаните не го крие неуспехот на оваа влада во борбата против вирусот, се вели во реакцијата на Алтернатива.