ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алтернaтива: Таравари ја спасува ДУИ од огнената група

Алтернатива која е дел од власта вели дека на Владата не и треба Алијанса за Албанците. Од партијата на Африм Гаши го обвинуваат вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека се обидел да ја спаси ДУИ од пратениците на огнената група.

Advertisements

„Сега кога Владата е стабилна и „оган“ се пали само во таборот на ДУИ, Таравари излегува како нивен спасител, кој им нуди на своите пратеници да го пополнат местото на „огнените“ пратеници на ДУИ. Граѓанинот секако ја разбира и забележува разликата поради која причина Алтернатива влезе во Владата и поради која причина се случува оваа кокетирање на Алијанса кон власта“, наведуваат од Алтернатива.

Но, првиот човек на АА, Таравари во интервјуто за Радио Слободна Европа уште еднаш демантираше дека се сретнал со Ахмети или Ковачевски за да преговара за учество во Владата. Тој дури рече дека би било добро земјата да оди на предвремени избори во првата половина од следната година и граѓаните да добијат поодговорна Влада.

„Опозицијата е секогаш за предвремени парламентарни избори, искрено ни требаат три до четири месеци и во март или април би биле за предвремени избори. Во овој кризен период мислам дека треба да бидеме обединети, уште пред минатогодишните локални избори, инсистирав во експертска и техничка Влада, да имаме влада која ќе биде натпартиска, но поширока, од експерти“, рече Таравари.

Но, владата категорично се изјаснува против предвремени парламентарни избори. Од СДСМ велат дека Владата е фокусирана на решавање на енергетската и економската криза.

И македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати побара земјата да оди на предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја власта за неуспех во сите области.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button