ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ААА: Поддршка за кандидатите од коалицијата

Алтернатива нема да поддржи ниту еден кандидат за градоначалник кој доаѓа од владејачките партии. Од оваа партија велат дека нивните гласачи ќе ги поддржат само кандидатите на коалицијата АА-ААА, во општините каде што се натпреваруваат. Онаму каде што коалицијата нема кандидат, гласачите се слободни.

Advertisements

Алтернатива

„Алтернатива уште еднаш ја изразува целосната поддршка на кандидатите на коалицијата ААА-АА во општините Струга, Дебар, Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир и повикува на мобилизација на сите енергии и сили за да се донесе долгоочекуваната промена во нашите населени места. Централното претседателство одлучи „Алтернатива“ да остане доследна во претставувањето на гласот на опозицијата, затоа нема да повика на поддршка на ниту еден конкретен кандидат во ниту една општина каде што нема кандидат од коалицијата“.

Движењето Беса не се колеба во поддршката за кандидатите на Алијансата за Албанците. Генералниот секретар на оваа партија, Аријанит Хоџа рече дека овој резултат не влијае на стабилноста на парламентарното мнозинство.

„Одлучни сме со Алијансата за Албанците заеднички да ги победиме кандидатите на ДУИ и ДПА во вториот круг. Тоа се локални избори и се локален легитимитет, додека парламентарните избори говорат за легитимитетот на централната власт, односно Владата. По изборите ќе гледаме како ќе се развиваат политичките процеси и сцената.

Во меѓувреме, ден претходно генералниот секретар на АА Арбен Таравари, најави ново парламентарно мнозинство, по вториот круг од локалните избори. Алијансата за Албанците и Движењето Беса постигнаа договор за меѓусебна поддршка во сите општини каде што одат во вториот круг. Нивната постапка дојде ден по коалицијата ДПА-ДУИ за вториот круг од изборите.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button