ВЕСТИСВЕТ

Алжир достави предлог-резолуција за прекин на израелската офанзива во Рафа

Алжир достави предлог-резолуција до Советот за безбедност на Обединети Нации со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа и се наредува на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во јужниот град Рафа.

Advertisements

Нацрт-резолуцијата исто така повикува на почитување на прекинот на огнот од сите страни, како и итно ослободување на сите заложници земени за време на нападот на Хамас, која ЕУ и САД ја прогласија за терористичка организација, на 7 октомври врз јужен Израел.

Со нацрт-резолуција се бара усогласување со претходните резолуции на СБ и отворање на сите гранични премини и хуманитарен пристап за 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа на кои итно им е потребна храна и друга помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button