Амандман на „Левица“ за Деловникот: Онлајн-пратеник не смее да носи маица со име на месарница!

СДСМ откри дел од опозициските амандмани на предлогот за измена на Деловникот за работа на Собранието. Партијата Левица во дел од своите амандмани предлага шеговити активности за пратениците кои ќе мораат да ја следат работата на Собранието од дома.
https://www.youtube.com/watch?v=lzBbaRpe2nM&feature=youtu.be
Амандман на партијата Левица
„За време на Велигденските празници, пратеникот кој учествува во работата на Собранието од далечина, мора пред камера да покаже бојадисано јајце.“
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да покажуваат џемпери пред камерата.“
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да се појавуваат пред камерата во облека на која има натписи на салони за маникир и педикир.“
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да се појавуваат пред камерата во облека на која има натписи на месарници.“
Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ пак, предложила спроведувањето на новите одредби од Деловникот да почнат откако земјава би станала членка на ЕУ.
Амандман на ВМРО-ДПМНЕ:
„Во членот 12, по зборот Македонија се додаваат зборовите „и ќе започнат да се применуваат од 40-тиот ден по членството на Република Македонија во Европската унија.“
Албанската опозиција предлага амандмани со кои се одбива предлогот за новиот Деловник.
Амандман на Aлијанса и Алтернатива
„Ако присуството на пратеникот на седница претставува ризик за пратениците, пратеникот не треба да учествува во работата на Собранието.“
„Во член 2 во новиот став (2) во втората реченица, реченицата „во исто време“ се заменува со „во рок од 32 дена.“
СДСМ ја обвинува опозицијата дека работи синхронизирано.
Не е познато кога ќе биде свикана седница на Комисијата за деловнички, мандатни и имунитетни прашања. Опозициските партии одлучија да ја бојкотираат координацијата со пратеничките групи кај претседателот на Собранието, сè додека Талат Џафери не го повлече предлогот за измена на Деловникот.
Adrian Kerimi