ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД за „Двојник“: Не коментираме истраги што се во тек, но соработуваме со институциите

Амбасадата на САД во Северна Македонија соработува со МВР и со другите институции, но не коментира истраги што се во тек, е ставот што Алсат го доби од Американската амбасада во Скопје на прашањето за нејзината позиција во случајот „Двојник“, за незаконското издавање пасоши со туѓ идентитет.

Advertisements

„Не коментираме истраги што се во тек, Амбасадата на САД има тесна соработка со МВР, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“, наведуваат од Амбасадата на САД и додаваат:

„Во тесна соработка со министерствата за внатрешни работи и правда, Амбасадата на САД обезбедува техничка помош, форензика, обука и опрема за да се подобрат капацитетите за спроведување на законите и на правосудните институции. Овие активности придонесуваат за национална и регионална безбедност преку зајакнување на граничната безбедност, транспарентноста и можноста да се истражуваат и да се гонат корупцијата, тероризмот и случаите на организиран криминал“, велат од Амбасадата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button