ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на САД го критикуваше начинот на избор на нов шеф на Обвинителството

Амбасадорката на САД го критикуваше начинот на избор на нов шеф на Обвинителството

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го критикуваше начинот на избор на нов шеф на Обвинителството за следење организиран криминал и корупција.

Агелер во изјава за 360 Степени отворено го изрази своето незадоволство од начинот на кој Ислам Абази е избран за шеф на Обвинителството кое треба да ја води борбата против криминалот и корупцијата. „Американската амбасада смета дека резултатите се збунувачки, особено  што во  изминатите  години потрошивме милиони долари за обука на обвинители и други во правосудниот систем.

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден систем во кој позициите се пополнуваат според заслуги и квалитет, преку транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителството, судството или која било друга јавна институција.

Политичкото мешање нема место во овие процеси. Оние кои ќе интервенираат преку притисоци, закани или коруптивни договори ќе бидат повикани и ќе одговараат пред граѓаните“, изјави новата американска амбасадорка во земјава Агелер./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button