ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадорот на ОБСЕ: Ветингот е комплициран, да се видат најдобрите форми

Амбасадорот на ОБСЕ: Ветингот е комплициран, да се видат најдобрите форми

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, прашан за најавениот процес на ветинг во земјата како метод за борба против корупцијата, вели дека станува збор за многу сложен процес. Според Вал, треба да се направи целосна проценка зошто сегашните антикорупциски механизми не функционираат. Контролата на интегритетот, зголемената транспарентност и отчетност се одржливи мерки против корупцијата, според Вал.

Advertisements

„Ветингот е многу сложен процес. Кога се зборува за ветинг треба да се разбере дека, понекогаш имам чувство дека во овдешниот јавен дискурс во однос на ветингот е премногу површен. Можеби перцепцијата е дека ако се спроведе ветинг е исто како да се притисне копче за повторно стартување и дека се избришала корупцијата. Сум бил сведок на ветинг во Босна и Херцеговина, во Косово, во Албанија и во сите овие земји тој беше различен. Гледам со резерва во однос на неговата делотворност. Од друга страна, треба внимателно да се има предвид дека начелата на независност на судството и автономност обвинителството се високи вредности во една демократија и во поделбата на власта. Ако се спроведе ветинг, не сум против ветинг, тогаш треба да се спроведе по една темелна проценка зошто тековните механизми не функционираат. Таквата проценка треба да биде bona fide. Потоа, дали целосен ветинг е вистинскиот одговор или дали би се спровел за да ги зајакне или спроведе постојните мерки за интегритет бидејќи јасно е дека самиот ветинг нема да заврши работа. Она што е потребно за да се отстрани корупцијата на еден одржлив начин се редовни мерки за интегритет и редовни проверки за интегритет како и зголемување на транспарентноста и отчетноста“, нагласи Килијан Вал, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button