ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, насилството врз жените го опишува како алармантно

Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, насилството врз жените го опишува како алармантно

Во Македонија, речиси половина од жените доживеале некаков вид насилство во текот на нивниот живот, а амбасадорот на ОБСЕ Килијан Велко ги опишува овие податоци како алармантни. Тој ја истакна потребата од зајакнување на институционалната рамка за спречување на насилството.

Advertisements

„Истражувачките податоци ни покажуваат алармантна ситуација. Наодите од истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените покажуваат дека половина од жените во Северна Македонија доживеале некаков вид насилство во својот живот“, рече Килијан Велко, амбасадор на ОБСЕ.

Граѓанскиот сектор оценува дека Северна Македонија има добра законска рамка, но најголемиот предизвик е спроведувањето на законите.

Заменик министерот за социјална работа, демографија и млади истакна дека се подготвува 8-годишната национална стратегија за спречување на насилството врз жените и семејното насилство. Ѓоко Велковски рече дека се предвидува и формирање на нови 10 специјализирани служби за жени жртви на насилство./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button