Америка брои гласови и протестира

Демократскиот кандидат Џо Бајден е сè поблизу до Белата куќа, откако обезбеди 264 изборни гласови, од вкупно 270 потребни за претседателската функција. Сепак, тој мора да победи и во Невада, каде води, но броењето и понатаму е во тек.
Конечните резултати од Мичиген и Невада најверојатно ќе се дознаат вечерва, а Пенсилванија ќе брои до петок. Трамп е сè уште во трка, но тој мора да го победи Бајден во Невада и Аризона, како и да ги освои Џорџија, Пенсилванија и Северна Каролина каде е во водство. Ако сè оди како што треба, во секој момент се очекува да заврши пребројувањето на гласовите во Фултон, Џорџија.
Додека пребројувањето продолжува непречено во последните шест големи држави, се огласи Бајден кој рече дека секој глас мора да се изброи.
Од друга страна, во многу американски градови се одржуваат протести. Демонстрантите излегоа на улиците и бараат целосно пребројување на гласовите, а помали групи поддржувачи на претседателот Трамп се собраа пред избирачки места во Мичиген и Аризона и бараа да запре броењето.
Демонстранти маршираа и во Чикаго, Лос Анџелес, Сиетл, Хјустон, Питсбург, Минеаполис и Сан Диего.
Еви Шкопи