КОШАРКАСПОРТ

Американецот Говенс, нов член на ТФТ и член на Управниот Одбор

Американскиот кошаркар со богато резиме кога стануваат збор настапите на европската сцена, Дарин Говенс од денеска и официјално е нов кошаркар на македонскиот прволигаш ТФТ.

Advertisements

Триесетишестгодишникот кој во минатото настапуваше за Нижни Новгород, Шоле, Лимонж и Нанси меѓуостанатите клубови ќе биде дел од тимот во следните три години при што нема да има само една улога. Американецот ќе биде дел и од Управниот одбор со тоа што влегува во клубот со инвестициска група и ќе има 25 отсто од акциите.

„Дарин Говенс е нов играч и ко-сопственик во ТФТ. Тој ќе остане во ТФТ во следните три сезони и треба да биде големо засилување за новиот амбициозен проект. Заедно со Говенс, во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот .Говенс ќе биде член на Управниот одбор на ТФТ чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури“, стои во соопштението на ТФТ.

На отварањето на новата сезона ТФТ го очекува натпревар против новајлијата МКК Куманово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button