ЗАБАВА

Американска компанија ќе нуди вселенски патувања со балон


Американска компанија планира да започне вселенско патување со балон на почеток од 2024 година. „Спејс Перспектив“ (Space Perspective) ќе започне со тест летови во 2021 година, со цел испраќање на туристи во стратосферата, на висина до 30.000 метри или 30 километри. Луѓето ќе бидат внатре во капсула што ќе лета благодарение на балон.

Внатре ќе може да се сместат девет лица, пилотот и осум патници, кои ќе уживаат во спектакуларните погледи преку големите прозорци, а ќе има и минибар, за ништо да не недостасува. Балонот ќе се искачи за два часа на височината, каде ќе остане уште два часа над Атлантскиот океан. Иницијативата изгледа многу ветувачка, но поради огромните трошоци, едно место во капсулата може да чини околу 125 илјади долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button