ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Американска конгресменка најавува можни санкции за Бугарија поради ветото за С Македонија

Американската конгресменката Клаудија Тени во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија оти не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Тени вели дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

„Ако би можеле да најдеме некаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион“, вели конгресменката.

Ако се одлучиме за тој пат на воведување санкции, вели таа, треба да се види кои би биле најефективни односно дали воопшто ќе бидат ефективни.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button