ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Американската антикорупциска акција граѓаните ја сметаат за привремено решение

Граѓаните ја поздравуваат идејата на тимот од Вашингтон да ја истражи корупцијата меѓу службениците. Но, велат дека странската помош за борба против оваа појава може да биде привремено решение за проблемот. Бараат институциите да си ја вршат работата како што треба.

Advertisements

„Помошта од странство би била добредојдена, од познати експерти во оваа област. Се разбира дека пред сè ние како држава, како институции мора да си ја завршиме својата должност“, велат граѓаните.

За дел од граѓаните, оваа најава дава надеж и сметаат дека овој тим ќе успее.

„Ќе го видиме сето тоа заедно бидејќи знаеме дека од осамостојувањето на Македонија во ‘90-тите до денес, немаме партија и политичари кои не се корумпирани. Се надевам дека ќе можеме да ѝ ставиме крај на корупцијата и да ја запреме миграцијата… Сите бегаат од корупција…“

„Ако го сфатат сериозно, може да има резултати, но тие не зависат само од нив, туку и од државниот врв. Имам верба, особено ако преземат Американците…“

„Ако е сигурно дека Американците ќе дојдат, сигурно ќе има резултати…“

„Отсекогаш се обидувале да го средат Балканот, но знаеме дека Балканот е Балкан, но тоа е многу добра иницијатива и ако даде Господ ќе успее“, велат граѓаните.

Но, дел од граѓаните на ова прашање гледаат со скепса.

Американската амбасадорка Ангела Агелер соопшти дека во Скопје пристигнал американски тим кој поагресивно ќе ја истражува корупцијата меѓу поранешните и сегашните функционери. Амбасадорката нагласи дека на правосудниот сектор му требаат повеќе истраги и гонења за да докаже дека никој не е над законот.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button