СВЕТ
Американски авиони се судрија на небото, се урна ловец Ф-35

Авион на американското воено воздухопловство Ф-35Б се урна откако имаше контакт со авион за полнење гориво во воздухот.
Несреќата се случи вчера на небото над американската сојузна држава Калифорнија, а пилотот успеал да се катапултира и сега е под медицинска нега. Авионот за полнење гориво безбедно слетал на домашниот аеродром, пренесува Ројтерс.
Според единицата на американските маринци на која ѝ припаѓа борбениот авион, истрагата за овој инцидент е во тек.