СВЕТ
Американски борбени авиони нападнале локации во Сирија поврзани со Иран

Рано утрово американската војска изврши воздушни напади на две локации во источна Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда, соопшти Пентагон, додавајќи дека нападите ги извршиле два борбени авиони Ф-16.
Нападите биле извршени како одговор на серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американски бази и персонал во Ирак и Сирија од 17 октомври.
„Овие удари ја одразуваат решеноста на американската влада да одржи рамнотежа и да ја одврати натамошната агресија, која може да биде поттикната од конфликтот на Израел со Хамас“, соопшти Пентагон.