ЗАБАВА

Американски палачинки со крем


Денеска предлагаме десерт – американски палачинки за попладневно уживање.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 250мл. млеко
  • 3 лажици путер
  • прстофат сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 200гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер фил по желба

Подготовка:

Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте.

Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте.

Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња.

Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер. Со помош на црпалка ставете од густата смеса во тавчето.

Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10цм).

Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути).

Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината. Филувајте по желба со овошно полнење или со крем.

Добар апетит!!!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button