
Американскиот Сенат едногласно ја потврди номинацијата на републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар во администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп.
Сенатот го поддржа Рубио со 99 гласа „за“ и ниту еден „против“, неколку дена откако се одржа расправа за неговата номинација пред Комисијата за надворешни работи.
Рубио е првиот кандидат за позицијата на Трамп во кабинетот што ќе биде потврдена во Сенатот, неколку часа откако Трамп беше инаугуриран како 47-ми американски претседател.