ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амнестијата предложена од Лога не доби поддршка во Собранието

Во Собранието не помина предлог-законот за амнестија.

Advertisements

Со 66 гласа „против“, 15 „за“ и 3 „воздржани“, пратениците гласаа против предлог-законот за амнестија, со кој се требаше да се намали пренатрупаност во затворите. По оваа одлука, предлагачот на законот во Владата, министерот за правда Кренар Лога, рече дека Македонија денес е понеправедна од вчера. Неприфаќањето на предлогот според него е поврзана со одмазда кон неговата партија.

„Македонија денес е понеправедна држава од вчера, бидејќи ова е почеток и крај на она што се случи денеска во Собранието. Она што се случи денеска е она што го очекувавме, одмазда што не гласавме за измени и дополнувања на Кривичниот законик“, рече Лога.

Иако смета дека тоа е одмазда, Лога смета дека нема основа неговата партија да ја напушти Владата, бидејќи предлогот во Собранието не бил негов.

„Воопшто не, бидејќи предлогот го даде Владата. Јас бев предлагач до владата. Овде можеме да видиме дека владата е предлагач. Значи, ако не поминал, предлогот на Владата не поминал“, додаде Лога.

Прашање: Дали излегувате од владата?

„Не“, одговори Лога.

Лога рече дека Владата веднаш ќе покрене предлог со редовна процедура. Предлог-законот предвидуваше целосна амнестија за осудените на затворска казна до шест месеци и 30% од мерката за оние со повисоки казни. 286 лица требаше да бидат ослободени, а над 960 други ќе имаа делумна слобода. Предлогот предизвика остри реакции, при што партнерите од владејачката коалиција однапред се изјаснија против законското решение, со образложение дека тоа нема да го реши проблемот со пренатрупаните затвори.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button