
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека му кажал на капитенот Бруно Фернандеш дека нема да му биде дозволено да го напушти англискиот фудбалски клуб на крајот на сезоната, објави Би-Би-Си.
Некои медиуми пред неколку дена објавија дека Фернандеш по крајот на сезоната би можел да се пресели во Реал Мадрид. За овој трансфер мадридскиот клуб наводно е подготвен да плати 90 милиони фунти.
„Не, тоа нема да се случи“, рече Аморим на прес-конференција на прашањето дали Фернандеш ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната.