Аналитичарите сметаат дека враќањето на идеите за лавот на државниот грб го нарушува унитарниот карактер на државата
Аналитичарите сметаат дека враќањето на идеите за лавот на државниот грб го нарушува унитарниот карактер на државата

Враќањето на идеите за државниот грб со лав или со македонски национални мотиви, ќе отвори етно-националистичко поглавје кое може да резултира со меѓуетнички тензии, вели универзитетскиот професор Али Пајазити. Според него, грбот треба да го одразува унитарниот карактер и етничкиот состав на државата.
„Лавот како икона и како симбол е чисто партиска гледна точка, и тесен монолитен пристап кој нема никаква врска со голем дел од културата во Северна Македонија. Тоа е кратковидо во однос на соживотот што мора да се одржува континуирано, и мислам дека ова може да предизвика понатамошни тензии и тенденции и повторно отворање на агендата на етнонационализам во Северна Македонија “, рече Али Пајазити, професор.
Пајазити ја застапува идејата дека со отворањето на уставот треба да се затворат преостанатите етнички и интеграциски прашања.
„Ова се барањата на времето и органската реалност во Северна Македонија, треба да се преземат овие промени кои се суштински за интеграцијата на земјата во ЕУ“, нагласи Али Пајазити, професор .
Според професорот Пајазити, отворањето на прашањето за грбот во овој период се совпаѓа со фактот дека Владата сака да ја подготви јавноста за уставните измени во периодот што следи./Алсат.мк
Адријан Керими