ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аналитика: Дури 70 отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во училиштата

Шеесет и три отсто од учениците потврдуваат дека насилството е постојано присутно во училиштата. Дури 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но, истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Најголем број од нив, дури 60 отсто го препознаваат физичкото насилство, што во голема мера е највидливо. Во висок процент е присутно и психичкото, 43 и сајбер насилството – 27 отсто, покажа истражувањето на Аналитика.

Advertisements

Оттаму сметаат дека за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата.

– Од добиените одговори забележуваме дека 60 отсто од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности што имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив и да создадат безбедна и здрава околина, се наведува во денешното соопштение на Аналитика.

Во соопштението се истакнува дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото.

– Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите, бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата. Потребно е стручната служба да работи на развој на врсничка едукација за подигање на свеста за постоење и превенција на насилството, на многу повисоко ниво, со што ќе придонесе во негово намалување во училиштата, се додава во соопштението.

Како што нагласуваат оттаму, потребно е да се работи континуирано на превенција на насилство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button