ЕКОНОМИЈА

Анализа: Најмногу вработувања регистрирани при промена на власта

Изборните процеси влијаат на динамиката на привремени вработувања а најмногу вработувања  има во периодите кога се менува власта. Ова се резултатите од анализата што ја спроведуваат Националниот демократски институт-НДИ и здружението за истражување и анализа „ЗМАЈ“. Податоците говорат за зголемување на постојаните вработувања во период од една година по преземањето на власта на политичка партија, додека бројот на привремени вработувања или ангажмани на лица за консултантски услуги зависи од преференциите на партиите кои се на власт.

Според анализата, најголем број вработени  во јавната администрација имало во 2019 година, кога бројката достигнала околу 133 илјади вработени. Според анализата, бројот на редовно вработени во 2015 година бил над 128 илјади, а во 2016 година се зголемил на 129 илјади. Сепак, работата во администрацијата се чини дека станува се помалку атрактивна, па бројот на вработени се враќа на нивото како во 2015 година.

Денешната анализа е дел од проектот „Користење на државните ресурси за време на изборниот процес“ и ќе биде објавена во наредните недели.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button