ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АНБ по првпат објави јавен оглас за вработување – кандидатите ќе одат на полиграфско тестирање

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), по првпат од своето основање, објави јавен оглас за вработување отворајќи ја вратата за сите компетентни и мотивирани граѓани кои сакаат да бидат дел од институција со клучно значење за безбедноста и стабилноста на државата, информираат од Агенцијата.

Advertisements

Јавниот оглас е за вработување на осум инспектори инженери на неопределено време. Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено Факултет од областа на информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство и најмалку четири години работно искуство.

Кандидатите, меѓу другите услови што треба да ги исполнат, треба да дадат согласност и за полиграфско тестирање. За кандидатот што ќе одбие полиграфско тестирање се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Агенцијата.

Образецот за аплицирање е достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за национална безбедност – www.anb.gov.mk во делот „Транспарентност“.

„Ова претставува историски чекор во насока на транспарентноста и инклузивноста, кој ја потврдува определбата на Агенцијата да ги следи највисоките стандарди во процесите на човечки ресурси и да им даде можност на сите граѓани што ги исполнуваат критериумите да станат дел од професионален тим посветен на заштита на националните интереси“, велат од АНБ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button