СПОРТФУДБАЛ

Анчелоти има доволно „кредит“, да остане до крајот на сезоната

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Флорентино Перез и управата на Реал Мадрид се подготвуваат за нова ера без тренерот Карло Анчелоти.

Advertisements

Италијанскиот стратег е под голем притисок поради лошите резултати, а како потврда за тоа беше и убедливиот пораз од Милан во Лигата на шампионите (1-3).

Се шпекулира дека Перез нема веднаш да го отпушти Анчелоти и ќе му даде уште една шанса да го стабилизира тимот, што значи дека би го предводел Реал до крајот на оваа сезона.

Доколку „кралевите“ продолжат со очајните игри во следните кола, сепак, не е исклучена можноста и за предвремен раскин на соработката. Медиумите се убедени дека Италијанецот има доволно „кредит“ поради сите освоени трофеи годиниве и затоа Перез не сака туку така да се ослободи од неговите услуги.

Едно е повеќе од очигледно, Реал игра лошо откако во тимот пристигна Килиан Мбапе и никако не може да ја пронајде посакуваната форма и поврзаност во играта. Дали на Анчелоти му се ближи крајот, останува да видиме во периодот што следи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button