
Во изминатиот период многу се шпекулираше на заминување на Карло Анчелоти од Реал Мадрид, и сигурно преземање на клупата на Бразил од идната година. Бразилските медиуми се многу сигурни дека италијанецот ќе седне на нивната клупа од идното лето.
Но, актуелниот тренер на Реал Мадрид уште еднаш демантираше дека има некаков договор со Бразил, притоа не напоменувајќи дали ќе продолжи на клупата на „кралевите“ откако најави дека по завршувањето на договорот ќе замине во пензија.
„Договор со Бразил? Не, нема ништо. Сето тоа се шпекулации, и веќе не сакам да разговарам на таа тема. Среќен сум во Реал Мадрид и максимално сум фокусиран кон продолжението на сезоната, и се надевам дека овој шампионат ќе биде успешен“, изјави Анчелоти.